МАЗ „Актуар“ – редовен член на Меѓународното актуарско здружение !!!

На ден 27.5.2016 година, МАЗ „Актуар“ се здоби со статус на редовен член на Меѓународното актуарско здружение (IAA – International Actuarial Association).

IAA е формиранa во 1895 година и e реформиранa во 1998 година. IAA претставува светска асоцијација на професионалните актуарски здруженија, со бројни секции од особен интерес за актуарите. IAA постои со цел да го промовира развојот на глобалната професија. Призната е како технички компетентна и професионално доверлива со што обезбедува служење на јавниот интерес.

Мисијата на IAA, како светска организација на актуарските здруженија е:
– да ја претставува актуарската професија, да ја промовира нејзината улога, репутација и признавање на светско ниво; и
– да го промовира професионализмот, да развива стандарди за едукација на актуарите и да го охрабрува истражувањето со активно учество на нејзините членки, а со цел да ги адресира потребите кои ги налагаат постојаните промени.

IAA брои вкупно 68 редовни членки – актуарски здруженија.

Повеќе информации за IAA може да се добијат на следниот линк.

МАЗ „Актуар“ е вонреден член на IAA од 2006 година. Како вонреден член на IAA, МАЗ „Актуар“ ги уживаше следните користи:
– добивање совети и асистенција од експертските комитети во врска со кодексот на однесување, стандардите на работа, дисциплинската постапка, критериумите за едукација итн.;
– пристап до билтените на IAA, најновите објави, трудовите на Kомитетите на IAA и останати публикации;
– присуство на регионални семинари и годишни состаноци со цел да се биде во тек со развојот на професијата на меѓународно ниво и вмрежување со останатите актуарски здруженија.

Со здобивање на статус на редовен член на IAA, покрај горенаведените користи, МАЗ „Актуар“ се здобива со право на гласање и назначување на делегат (и заменик делегат) кој ќе го претставува здружението пред Советот на IAA, а со цел да допринесе за моделирање на иднината на актуарската професија на светско ниво. Исто така, МАЗ „Актуар“ ќе може да назначи претставници во Комитетите на IAA, што нуди непроценливи можности за размена на идеи, како и работа за изнаоѓање решенија.

Одржано редовно собрание на МАЗ „Актуар“

На ден 2.6.2016 година МАЗ „Актуар“ одржа редовно собрание со следниот дневен ред: 1. Избор на записничар 2. Усвојување Извештај за работењето на Здружението за 2015 година и финансиски извештаи со состојба на 31.12.2015 година 3. Усвојување Извештај за работењето … Continue reading →

Одржан вториот семинар на тема „ЛАТ – Тестирање на адекватноста на обврските“ во Скопје

Во рамките на последната фаза од проектот Еразмус+, членовите на МАЗ „Актуар“ кои учествуваа на обуката во Загреб на тема „ЛАТ“, на 19 мај 2016 година, одржаа семинар на истата тема, наменет за стручни лица од областа на осигурувањето и финансиите. Целта … Continue reading →

Прва Хрватска актуарска конференција

Најавена е првата Хрватска актуарска конференција која ќе се одржи во организација на Хрватското актуарско друштво и Агенцијата за супервизија на финансиски услуги во Република Хрватска. Повеќе информации за настанот може да се добијат на следниот линк: aktuari.hr … Continue reading →

Редовно Собрание на МАЗ „Актуар“

На ден 2.6.2016 година (четврток) ќе се одржи редовно Собрание на МАЗ „Актуар“, со следниот дневен ред: 1. Избор на записничар 2. Усвојување Извештај за работењето на Здружението за 2015 г. и финансиски извештаи со состојба на 31.12.2015 г. 3. … Continue reading →