HomeАктивностиОдобрен проект преку програмата Еразмус+

Во јуни 2015 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+, ја одобри апликацијата на МАЗ „Актуар“ на тема Зајакнување на капацитетите на МАЗ „Актуар“ во вештини за моделирање, преку обезбедување на целосно финансирање во износ од  €12,250.

Во рамките на проектот 10 актуари- членови на МАЗ „Актуар“, ќе учествуваат на 5-дневна обука на тема Тестирање на адекватност на обврските (LAT), во организација на Хрватското актуарско друштво – ХАД. Целта на обуката е актуарите да ја разберат LAT алатката и да можат да ја применуваат во секојдневната работа. Обуката ќе придонесе за подобрување на техничките вештини на актуарите, како и подобрување на можностите за вработување на актуарите. Разбирањето на LAT анализата има широка примена во осигурителниот сектор, банкарскиот сектор, јавниот сектор итн. Ова е дополнителна корист од обуката, бидејќи актуарите ќе можат стекнатите знаења да ги применуваат и надвор од осигурителната индустрија која е најзначаен побарувач на вештините кои ги поседуваат актуарите.

По завршувањето на обуката учесниците во обуката ќе одржат две работилници за да го пренесат стекнатото знаење и вештини на останатите членови на МАЗ „Актуар“, а во рамките на проектот ќе биде изготвен и практичен водич за користење на LAT алатката.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е јавна институција која работи на промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во Република Македонија. Поранешните европски програми, претходно секторски поделени, сега се обединети во новата програма Еразмус+ која ќе се спроведува во период од 2014-2020 година. Националната агенција управува со фондовите од оваа програма.

Comments are closed.