HomeАктивностиНаграда за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во РМ

На ден 2.11.2015, по повод Денот на осигурување, Агенцијата за супервизија на осигурување за победник на конкурсот за млад истражувач за 2015 година од областа на Управување со ризици и осигурување во Република Македонија, го прогласи трудот на Ристо Бајатов- член на МАЗ „Актуар“.

Победничкиот труд со наслов „Анализа на смртноста на корисници на ануитет од повеќе земји и корекција на македонски популациски таблици на смртност“ опфаќа анализа на смртноста на корисниците на ануитет. Врз основа на резултатите од истражувањето направена е соодветна корекција на последните македонски популациски таблици на смртност во делот на веројатноста за смртност и пресметани се нови актуарски комутативни броеви потребни за понатамошна пресметка на цената на производот и математичката резерва.

Comments are closed.