HomeАктивностиЗаврши обуката во Загреб организирана за членови на МАЗ „Актуар“

Во периодот 22.-27.11.2015 година, во рамките на програмата Еразмус+, членовите на МАЗ „Актуар“: Билјана Прчева, Билјана Стамеска, Гордана Пецељ, Елена Танаскоска, Искра Лаќинска- Величкова, Кристина Евтимовска, Маја Серафимова Најкова, Милан Антовски, Ристо Бајатов и Слаѓана Миљковиќ Стерјовска; зедоа учество на обуката во Загреб, организирана од страна на Хрватското актуарско друштво (ХАД), на тема тестирање на адекватноста на обврските (ЛАТ).

Предавачи на семинарот беа овластени актуари членови на ХАД со големо искуство во областа на актуарството, управувањето со ризици и примена на модели во секојдневната пракса. Обуката беше поделена во три дела:

  • ЛАТ за осигурување на живот,
  • ЛАТ за неживотно осигурување, и
  • ЛАТ- ревизорски аспект,

кои соодветно беа презентирани од страна на предавачите:

  • Тихана Радишиќ (Erste osiguranje Vienna insurance Group d.d.),
  • Јасна Комљеновиќ Лончар (TRIGLAV OSIGURANJE d.d.) и
  • Зденка Иджотиќ (RJEŠENJE PLUS d.o.o. za napredna računalna i poslovna rješenja).

На обуката беа презентирани во детали моделите за ЛАТ, законската регулатива, практичната примена, претпоставките, известувањето и поврзаноста на ЛАТ со другите осигурителни процеси; како од практичен аспект така и од ревизорски аспект.

Во рамките на дисеминационата фаза од проектот Еразмус+, членовите на МАЗ „Актуар“ кои учествуваа на обуката ќе одржат два семинари на истата тема, со цел пренесување на стекнатото знаење. Првиот од двата семинари ќе биде наменет за останатите членови на МАЗ „Актуар“, додека пак вториот семинар ќе биде наменет за пошироката јавност која има интерес за запознавање со потреба и користа од примена на ЛАТ.

Comments are closed.