HomeАктивностиСеминар на тема „ЛАТ“ во Скопје за членовите на МАЗ „Актуар“.

Во рамките на дисеминационата фаза од проектот Еразмус+, членовите на МАЗ „Актуар“ кои учествуваа на обуката во Загреб на тема „ЛАТ“, во периодот 22.-23.12.2015 година ќе одржат семинар на истата тема, за членовите на МАЗ „Актуар“. Целта на семинарот е знаењето стекнато за време на 5- дневната обука, да биде пренесено на останатите членови на МАЗ „Актуар“, како и да се дискутира по однос на отворени прашања со кои актуарите се соочуваат на оваа и слични теми.

Преку организација на семинари од овој тип МАЗ „Актуар“ обезбедува членовите на здружението да бидат во тек со развојот на актуарските техники и стандарди, да бидат во тек со развојот на националната и меѓународната законска регулатива и сметководствените стандарди, како и за зголемување на репутацијата и одржливоста на актуарската професија во Македонија.

Исто така, во рамките на оваа фаза од проектот, учесниците во обуката ќе одржат уште еден семинар во текот на 2016 година за други стручни лица од областа на осигурувањето и финансиите со цел да бидат информирани за потребата и користа од примена на ЛАТ во секојдневното работење на друштвата за осигурување, како и останатите финансиски дејности. Дополнително ќе биде изготвен и практичен водич за користење на LAT алатката.

Comments are closed.