HomeАктивностиКурс по професионалисам

Одржан курс по професионализам за актуари

На 27 и 28 март 2012, во Скопје, се одржа Курс по професионализам за актуари.  Курсот беше организиран во соработка со ИАА и АСО. Предавач на курсот беше Крис Дајкин, претставник на ИАА. Покрај него, Владимир Стојаноски и Анета Гацовска, претставници на Македонското Актуарско Здружение „Актуар“, дадоа осврт на релевантните состојби во македонското актуарско здружение и македонскиот осигурителен пазар. Воведно обраќање имаше и Климе Попоски, претседател на Советотот на експерти на АСО,  кој повторно ја изрази поддршката на „Актуар“ од страна на АСО.
На курсот зедоа учество 15-тина претставници на здружението, кои активно учествуваа во дискусиите и интерактивните вежби, односно анализи на практични случаи.

Comments are closed.