HomeАктивности29-ти Меѓународен конгрес на актуари

По покана на Меѓународната актуарска асоцијација (IAA),  претставник на македонското актуарско здружение учествуваше на 29-тиот Меѓународен конгрес на актуари, одржан од 7-12 март 2010, во Кејптаун, Јужна Африка. За времетраењето на конгресот, покрај редовните сесии, се одржаа и повеќе состаноци со ИАА, со Бордот актуари без граници и со претставници на земјите учесници кои воопшто немаат или имаат мали актуарски здруженија.

Основната идеја на организаторот беше покрај средба на актуарите со цел унапредување на актуарската професија, размена на искуства на актуарските асоцијации во развој, унапредување на работата на малите здруженија и разгледување на можностите за формирање на асоцијации онаму каде што сеуште не се формирани. Мотото на конгресот беше обединети во својата различност, мото кое буквално ја одразува севкупната слика за 1500 учесници од преку 100 земји во светот.

На конгресот учествуваа поканети предавачи познати во својата струка и поле на интерес, практичен или научен, како и претставници на повеќе асоцијации врзани за професијата и регулаторни тела. Со свои излагања учествуваат над 250 говорници, од околу 35 земји. Презентирани беа околу 190 презентации, во осум различни секции.

Од важност за нашето здружение беа состаноците и сесиите кои се однесуваа на добивање полноправно членство во ИАА, со насоки на подобрување на тековните состојби во здружението и критериумите кои треба да се исполнат, како и подобрување на состојбата со едукативниот процес на новите генерации актуари. Наредниот, 30-ти конгрес, ќе се одржи во Вашингтон 2014 година. За повеќе информации може да се погледа сајтот на конгресот, на http://www.ica2010.com

Comments are closed.