HomeАктивностиОдржано редовно собрание на МАЗ „Актуар“

На ден 2.6.2016 година МАЗ „Актуар“ одржа редовно собрание со следниот дневен ред:

1. Избор на записничар
2. Усвојување Извештај за работењето на Здружението за 2015 година и финансиски извештаи со состојба на 31.12.2015 година
3. Усвојување Извештај за работењето на Надзорниот одбор на Здружението за 2015 година
4. Усвојување Програма за работа на Здружението
5. Усвојување на Извештај за 2015 година од Комисија за континуирано професионално усовршување.
6. Усвојување Одлука за утврдување на членарината на членовите на Здружението за 2016 година
7. Утврдување на бројот на членовите и прием на членови
8. Избор на органи на друштвото
9. Разно

Собранието на МАЗ „Актуар“ едногласно го изгласа составот на новиот Управен орган и Надзорен орган како што следува:

Управен орган:
Владимир Бубалов – претседател
Ристо Бајатов – заменик претседател
Анета Гацовска Барандовска – секретар
Цветлана Маркулеска – Винчензи – благајник
Милан Антовски – коресподент

Надзорен орган:
Виолета Савин Инѓиќ – претседател
Билјана Прчева – член
Наташа Димовска – член

Исто така, придружниот член на МАЗ „Актуар“ – Кристина Евтимовска се здоби со статус на редовен член на МАЗ „Актуар“.

Comments are closed.