Комисија за едукација

Надлежности:

Согласно Одлука за избор на Комисија за едукација, донесена од страна на Извршниот орган на МАЗ:

  1. Комисијата врши евалуација на пристигнати пријави за редовно и придружно членство во Македонското Актуарско Здружение (во натамошниот текст: Здружение);
  2. Комисијата предлага на Собранието прифаќање/одбивање на пријавените кандидати за редовно/придружно членство во Здружението, односно определува дополнителни испити и активности кои треба да ги спроведат пријавените кандидати со цел да се здобијат со статус на редовен/придружен член во Здружението;
  3. Комисијата ги спроведува активностите од точка 2);
  4. Комисијата ја следи и врши евалуација на усогласеноста на Програмата за едукација на актуари на Здружението со Правилник за начинот на спроведување на стручниот испит за добивање дозвола за работа како овластен актуар и Наставната програма објавени од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) како единствен надлежен орган за спроведување на едукација за добивање на дозвола за работа како овластен актуар;
  5. Комисијата ја следи и врши евалуација на усогласеноста на Програмата за едукација на актуари на Здружението со насоките издадени од Меѓународната актуарска асоцијација (IAA- International actuarial association). За таа цел Комисијата изготвува Табела на коресподенција;
  6. Комисијата во случај на неусогласеност на Програмата за едукација на актуари на Здружението со насоките издадени од IAA, предлага измена на Програмата за едукација на актуари на Здружението;
  7. Комисијата предлага соодветни мерки што треба да ги преземе Здружението, во случај на неусогласеност меѓу програмата за едукација за актуари на Здружението со Правилникот за начинот на спроведување на стручниот испит за добивање дозвола за работа како овластен актуар и Наставната програма објавени од АСО.

Членови:

Билјана Котеска
Гордана Миноска
Ивана Тодоров
Билјана Котеска
Гордана Миноска
Ивана Тодоров