Надлежности:

Согласно Правилник за континуирано професионално усовршување на членовите на МАЗ „Актуар“:

  • Комисијата е задолжена за спроведување на целосна постапка со цел проверка и вреднување на доставената евиденција за КПУ од страна на секој Член;
  • Комисијата препорачува релевантни настани за КПУ и во случај на несигурност одлучува за квантитетот на КПУ на секој Член. Комисијата соработува со домашни и меѓународни организации релевантни за КПУ;
  • Комисијата најдоцна до 31.5. ја проверува евиденцијата за КПУ за секој Член;
  • Комисијата поднесува извештај за работата до Извршниот орган најмалку еднаш годишно. Во прилог на извештајот се доставува евиденција од направената проверка и вреднување на КПУ за секој Член одделно за претходната календарска година;
  • Комисијата за изречената мерка – Непочитување на барањата за континуирано професионално усовршување на Член, доставува тужба до Комисијата за дисциплинска постапка, согласно Правилникот за дисциплинска постапка.

Членови:

1.6.2015-2017

  • Билјана Котеска
  • Гордана Миноска
  • Ивана Тодоров