Членството во Здружението е на доброволна основа.
Членовите на Здружението можат да бидат редовни, придружни и почесни. Зачленување во Здружението се врши со Пристапница. Писменото барање за зачленување во Здружението го разгледува Извршниот орган и со образложение и препораки го доставува до Собранието. Собранието одлучува дали да го прифати или одбие барањето за зачленување во Здружението.
Редовен член на Здружението може да биде лице кое ги исполнува следните услови:
- научно или практично се занимава со актуарската професија,
- има најмалку високо образование,
- има завршено актуарско образование во согласност со насоките на Меѓународната актуарска асоцијација (International Actuarial Association),
- има најмалку 1 годинa работно искуство од областа на актуарство и/или негова примена
- го прифаќа Статутот на здружението и по него постапува.
Придружни членови на Здружението можат да бидат лица кои:
- се обучуваат за или работат во областа на актуарство, но не ги задоволуваат критериумите за прием како редовни членови;
- се заинтересирани за пратење на актуарската професија.
Придружните членови плаќаат членарина.
Придружните членови немаат право на глас на седниците на Собранието на Здружението.
Придружните членови немаат право да избираат и да бидат избрани во органите на управување на Здружението.
Почесни членови на Здружението можат да станат државјани на Република Македонија, како и странски државјани кои се особено заслужни за самото Здружение, за развојот на актуарската теорија и пракса во Република Македонија, или на друг начин придонеле за развојот на самиот Здружението.
Почесни членови избира Собранието на предлог од Извршниот орган на Здружението.
Почесните членови не плаќаат членарина.
Само почесните членови кои се истовремено и редовни членови имаат право да гласаат на седниците на Собранието.
Секој член може доброволно да истапи од Здружението.
Членството во Здружението престанува:
- со поднесување писмено барање;
- со исклучување, кога членот тешко ќе ги прекрши одредбите на Статутот. Одлука за исклучување донесува Собранието;
- со смртта на членот.
Кои се правата и должностите на членовите?
Правата и обврските на редовните членови се:
- да го почитуваат Кодексот на однесување;
- да учествуваат во донесување одлуки на седницата на Собранието;
- да избираат органи и да бидат избирани во органите на Здружението;
- да даваат иницијатива за свикување на Собранието, за измени и дополнувања на Статутот и отповикување на Извршниот орган и другите органи на Здружението;
- да ја унапредуваат работата на Здружението;
- да бидат редовно известувани за работата на Здружението и неговите органи;
- да работат на извршување на задачите на Здружението;
- да ја пропагираат работата на Здружението;
- да учествуваат на седниците и состаноците кои ги организира Здружението;
- редовно да плаќаат членарина.