Семинар на тема „ЛАТ – Тестирање на адекватноста на обврските“ во Скопје
Во последната фаза од проектот Еразмус+, членовите на МАЗ „Актуар“ кои учествуваа на обуката во Загреб на тема „ЛАТ“, на 19 мај 2016 година, ќе одржат семинар на истата тема, наменет за стручни лица од областа на осигурувањето и финансиите.
Целта на семинарот е да и овозможи на пошироката јавност запознавање со поимот и суштината на методологија за ЛАТ, начините и обврските за спроведување на ЛАТ, како и користа од спроведување ЛАТ. Крајната цел е учесниците да се стекнат со знаења кои ќе им овозможат адекватно разбирање на резултатите од ЛАТ анализите спроведени од страна актуарите- што е неопходен услов за правилно носење одлуки поврзани со работата на друштвата за осигурување.
Подетални информации за содржината на семинарот и предавачите може да најдете на следниот линк: Објава.
Доколку сте заинтересирани за учество на семинарот, Ве молиме да не контактирате на електронската адреса aktuar@aktuar.mk