HomeОстанатоСостаноци на Советот и Комитетите на IAA во Цирих

Во периодот од 7 – 12 април 2015 година во Цирих се одржаа Состаноци на Советот и комитетите на Меѓународната Актуарска Асоцијација (IAA). Преку својот претставник Владимир Бубалов, МАЗ Актуар учествуваше на следните семинари и состаноци одржани на 8 и 9 април:

  1. Семинар за новиот образовен курикулум
  2. Семинар за актуарските стандарди
  3. Состанок на поткомитетот за Евроазија и Блискиот Исток

Работните групи на IAA ги презентираа содржините на новиот образовен курикулум, по што се разви дискусија околу најавените промени кои се очекува да се финализираат и усвојат до мај 2016 година. Во рамките на семинарот за актуарските стандарди беа претставени искуствата на светските актуарски здруженија со ISAP стандардите, се разговараше за потребата од истите и начините за нивно усвојување и примена од националните актуарски здруженија. На состанокот на поткомитетот за Евроазија и Блискиот Исток, каде што Владимир Бубалов учествуваше во име на Анета Гацовска која е негов член, беа остварени контакти со претставници на актуарски здруженија од регионот и беше разговарано за можностите за одржување на регионални семинари на IAA.

Comments are closed.