HomeАктивностиРаботилница на тема „Реосигурување- практична римена“

На ден 11.2.2015 година беше одржана еднодневна работилница за членовите на МАЗ „Актуар“ на кој беше дискутирано за практичниот аспект на реосигурувањето, реосигурителните политики и најдобрите практики. Предавачи на работилницата беа претставници од друштвото за осигурување Граве Груп, Австрија, и тоа:

  • д-р Томас Хлатки – директор на реосигурување, Граве, Австрија
  • м-р Клаус Шхајтејгл- член на Одбор на директори, Граве, Австрија

На работилницата, членовите на МАЗ „Актуар“ имаа можност поблиску да се запознаат со спецификите на реосигурување на неживотно осигурување и осигурување на живот, процесите на реосигурување во едно осигурително друштво, улогата на актуарот во реосигурителните процеси, изборот на соодветно реосигурување и мониторинг, постапките и методите за одредување на максимален самопридржај и максимално покритие, ПМЛ проценка, итн.

На работилницата најпрво зеде збор Претседателот на Здружението- Владимир Стојаноски кој се заблагодари за укажаната помош и соработка од страна на Граве Групацијата.

Comments are closed.