Македонското Актуарско Здружение „Актуар“, основано во април 2004 година. „Актуар“ е стручна организација чија намера е да ги унапредува актуарските дисциплини, нивната практична примена и стручното усовршување и образование на актуарите на подрачјето на Република Македонија.
Основните цели на Здружението се:
- следење на развојот на научните актуарски дисциплини;
- потпомагање на членовите во активното учество во овој развој;
- изучување и унапредување на практичната примена на актуарските дисциплини;
- соработка со факултетите и останатите научни институции;
- меѓународни здруженија на актуари и останати сродни здруженија;
- унапредување и обединување на научното и стручно образование и усовршување на актуарите.
Од 2006 година, МАЗ „Актуар“ е придружeнчлен на Меѓународното актуарско здружение (International actuarial association IAA), a во 2016 година стана редовен член на IAA