КОДЕКС НА ПРОФЕСИОНАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ
НА МАКЕДОНСКО АКТУАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ „АКТУАР“
ОПШТИ ОДРЕДБИ
(1) Со овој Кодекс се пропишуваат основните начела на кои треба да се придржуваат членовите на МАЗ „Актуар“ со цел изградба на систем на однесување со кој би се подигнал нивниот личен и стручен углед.
(2) Членовите се должни да се запознаат со одредбите и правилата на Кодексот и да се однесуваат согласно истите. Со прифаќањето на овој Кодекс, членовите се обврзуваат доследно да ги почитуваат пропишаните етички и професионални начела.
(3) Секој член мора да биде подготвен да го оправда секое однесување кое отстапува од овој Кодекс, и да објасни зошто одредена активност или пропуст бил соодветен и оправдан во дадената ситуација.
(4) Актуарот врши актуарска работа исклучиво согласно јавниот интерес. Во таа смисла, МАЗ „Актуар“ е одговорно да промовира заштита и унапредување на активности од јавен интерес, а секој член треба да се однесува на начин да ја исполни својата професионална одговорност спрема јавниот интерес.
(5) Одредбите од Кодексот кои се однесуваат на Актуарите, на соодветен начин се применуваат и на останатите членови на МАЗ „Актуар“ и на овластените актуари.
Целата содржина може да ја преземете на следниот линк: Кодекс на однесување