HomeАктивностиПотпишан меморандум за соработка со Здружението на актуари на Република Српска

На ден 19.3.2015 година, МАЗ „Актуар“ потпиша Меморандума за соработка со Здружението на актуари на Република Српска. Овој Меморандум претставува основа и отвора простор за понатамошна успешна соработка и тоа во насока на размена на искуства и информации кои се од заеднички интерес, размена на знаење преку укажување на стручна и техничка помош, заедничка едукација и усовршување на кадар, како и размена на стручна и научна литература. Целта на соработката е унапредување, афирмација и промоција на актуарската професија во Р. Македонија и Р. Српска.

Comments are closed.