С Т А Т У Т
НА МАКЕДОНСКОТО АКТУАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ “АКТУАР”
I. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој Статут се утврдуваат начелата на работа и организацијата на Македонското Актуарско Здружение “Актуар” (во понатамошниот текст: Здружение), а особено:
– име, седиште, штембил, печат и заштитен знак (лого) на Здружението;
– цели на Здружението и дејности со кои се остваруваат целите на Здружението;
– начин на одлучување за зачленување, исклучување и престанок на членување во Здружението,
– права, обврски и одговорности на членовите на Здружението;;
– видот на органите на Здружението, нивниот состав, начинот на избор и разрешување траење на мандатот на членовите во органите и начинот на одлучување;
– застапување по закон;
– начин на стекнување и располагање со средствата;
– начин на донесување на финансиски и други извештаи;
– начин на остварување на јавност и отчетност во работата;
– начин на донесување, изменување и дополнување на Статутот;
– начин на одлучување за статусни промени и престанок на Здружението;
– начин на донесување на планови и програми;
– постапување со средствата и/или имотот во случај на престанок на Здружението;
– начин на формирање комисии;
– начин на донесување интерни акти.
Целата содржина може да ја преземете на следниот линк: Статут на МАЗ