Овластен актуар

Согласно Законот за супервизија на осигурувањето во Република Македонија:

  • Овластен актуар е лице кое има дозвола за работа како овластен актуар од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
  • Овластениот актуар е независен и самостоен во вршењето на работата и одговара за точноста на утврдените дејствија.

За добивање дозвола за работа како овластен актуар, лицето мора да ги исполнува следниве услови:

  • да има високо образование;
  • да има положено стручен испит потребен за работа како овластен актуар;
  • да има најмалку 1 година работно искуство во областа на осигурувањето или супервизија на осигурувањето;
  • да не му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
  • да не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице над кое е отворена стечајна постапка;
  • да не му е претходно одземена дозволата за работа како овластен актуар.

Покрај одредбите од претходниот став, лице кое има положено стручен испит за вршење работи како овластен актуар во странство може да добие дозвола за работа како овластен актуар во Република Македонија доколку ги исполнува и следните услови:

  • квалификацијата на лицето да е со стандарди не пониски од стандардите што се бараат согласно овој закон;
  • лицето успешно да го положи испитот со кој се обезбедува дека тоа лице има адекватно знаење на законите и праксата во Република Македонија потребни за работа како овластен актуар во Република Македонија.

Агенцијата за супервизија на осигурување ќе донесе решение за одземање на дозволата за работа како овластен актуар, доколку:

  • дозволата е добиена со наведување невистинити податоци;
  • лицето повеќе не ги исполнува условите од претходните ставови; и
  • лицето ги прекршило правилата на актуарската професија.

Овластени актуари во МК
Официјален регистер на овластени актуари во Република Македонија води Агенцијата за супервизија на осигурување. Истиот можете да го најдете на следниот линк: регистер на овластени актуари.