Македонското Актуарско Здружение (МАЗ) е основано во април 2004 година. МАЗ е стручна организација чија намера е да ги унапредува актуарските дисциплини, нивната практична примена и стручното усовршување и образование на актуарите на подрачјето на Република Северна Македонија.
Основните цели на Здружението се:
- Следење и имплементација на насоките за образование од релевантни домашни и меѓународни актуарски асоцијации;
- Следење на Меѓународните стандарди на актуарска практика (МСАП);
- Обезбедување поддршка на членовите во нивниот професионален развој;
- Соработка со академски институции, меѓународни и национални актуарски здруженија и други тела;
- Континуирани активности за подобрување на актуарските вештини во областа;
Од 2016 година, МАЗ е полноправна членка на Меѓународното актуарско здружение (International Аctuarial Аssociation – IAA)
Начелата на работа и организацијата на Македонското Актуарско Здружение се утврдени со Статут на МАЗ.