Членови

Членството во Здружението е на доброволна основа.

Членовите на Здружението можат да бидат:

  • редовни членови,
  • придружни членови,
  • членови – заинтересирани лица,
  • членови – донатори и
  • почесни членови.

Зачленување во Здружението се врши со пристапница. Секој член може доброволно да истапи од Здружението.

Здружението води Регистар на членови. Податоците од Регистарот се ажурираат еднаш годишно и се заштитени во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Редовни членови

Редовен член на Здружението може да биде лице кое ги исполнува следните услови:

  • има доставено документи кои потврдуваат темелно теоретско познавање на актуарските науки заедно со барањето за прием. Потребните документи ги определува Здружението со посебни Интерни прописи.
  • го прифаќа Кодексот на професионално однесување
  • научно или практично се занимава со актуарската професија,
  • има најмалку 3 години работно искуство од областа на актуарството и/ или неговата примена
  • ги исполнува барањата на Правилникот за континуирано професионално усовршување донесен од Здружението.

Секој редовен член на МАЗ се стекнува со звање МАЗ Квалификуван актуар.

Редовни членови – основачи се учесниците на Основачкото Собрание кои го задоволуваат условот за редовен член на Здружението.

Анета Гацовска Барандовска01.04.2004
Билјана Котеска17.02.2014
Билјана Петроска01.04.2004
Билјана Прчева01.01.2008
Билјана Стамеска06.05.2017
Виолета Савин Инѓиќ01.04.2004
Владимир Бубалов11.04.2009
Владимир Стојаноски14.04.2005
Гордана Миноска17.04.2008
Гордана Пецељ01.04.2004
Даниела Козарова14.04.2005
Елена Танаскоска01.04.2004
Жанета Попеска14.04.2005
Звонко Јованоски01.04.2004
Ивана Тодоров17.04.2008
Искра Величкова-Лакинска11.04.2009
Јасминка Илиева01.04.2004
Кристина Евтимоска02.06.2016
Лидија Ристеска06.05.2017
Лидија Трипунова17.04.2008
Маја Серафимова Најкова11.04.2009
Милан Антовски01.01.2008
Наташа Ајкоска02.04.2011
Ристо Бајатов24.03.2015
Роберт Несими17.02.2014
Сања Танчевска01.04.2004
Симеон Гацовски01.04.2004
Слаѓана Миљковиќ Стерјовска17.02.2014
Цветлана Винцензи Маркулевска10.04.2010

Придружен член на Здружението може да биде лице кое:

  • има доставено документи кои потврдуваат темелно теоретско познавање на актуарските науки заедно со барањето за прием. Потребните документи ги определува Здружението со посебни Интерни прописи
  • го прифаќа Кодексот на професионално однесување
Андреј Пулејков17.02.2014
Виолета Китаноска10.07.2023
Гордана Ивановска17.02.2014
Делчо Лешковски17.02.2014
Елена Цветкоска
Калтрина Хасипи10.07.2023
Маја Танчевска10.07.2023
Марија Љубеновска10.07.2023
Марија Митровска10.07.2023
Сања Михајловска-Балеска10.07.2023
Сашо Станоески11.04.2009
Снежана Јосифоска10.07.2023
Христина Софрониоска10.07.2023

Членови – заинтересирани лица на Здружението можат да бидат лица кои имаат започнато професионална актуарска обука според програмата на Здружението или на друго актуарско здружение, полноправна членка на Меѓународната актуарска асоцијација или имаат интерес за актуарската професија

Ангела Поповска10.07.2023
Мерита Таири10.07.2023

Членови – донатори на Здружението можат да бидат правни или физички лица коипреку донација го манифестираат нивниот интерес за мисијата и активностите на Здружението

Почесни членови на Здружението можат да станат лица кои се особено заслужни за самото Здружение, за развојот на актуарската теорија и пракса во Република Македонија, или на друг начин придонеле за развојот на самото Здружение.

Почесни членови избира Собранието на предлог од Извршниот орган на Здружението.

Климе Попоски16.04.2014
Рената Де Леерс21.05.2018
Татјана Лукановска16.04.2014