Научете повеќе за Тарифирањето!
Дојдете на нашиот дводневен семинар во Охрид!
- Кога: 3 – 6 септември 2023
- Каде: Охрид
- Јазик на семинарот: англиски
Повик до сите актуари! Подгответе се да навлезете во светот на Тарифирањето со земање учество на интензивниот семинар органииран од Македонското актуарско здружение МАЗ во соработка со асоцијацијата Actuaires du Monde – Actuaries of the World.
Ќе имате можност да се запознаете со деталите на тарифирањето во осигурувањето, класификацијата на ризикот, и многу повеќе – а во исто време да ги унапредите вештините со практични вежби во MS Excel.
Главни теми на семинарот:
- Основи на тарифирање во осигурувањето и процес на тарифирање
- Нови договори наспроти стратегии за обнова
- Регулатива во осигурувањето и деловни аспекти
- Вовед во класификација на ризиците
- Негативна селекција наспроти корисна селекција
- Усовршување на методите на тарифирање и прилагодувањата
- Третирање на големи штети и класи со долга опашка
- Справување со аномалии во податоците и кредибилите
Ќе ги запознаете нашите истакнати предавачи:
- Мајкл Мендел, FCAS, MAAA
- Стеван Балоски, FCAS
Не заборавајте да си го понесете Вашиот лаптоп/ таблет со инсталиран MS Excel, за да можете да го подигнете знаењето на повисоко ниво низ нашите интерактивни практични сесии. Обезбедете си место уште сега и ајде заедно да тргнеме на едно трансформирачко едукативно патување!
Спремни за пријавување? Кликнете тука: https://lnkd.in/dzPWdc_V