На 12 и 13 септември 2019 година, беше одржана дводневна работилница на тема Комуникација за актуари (Soft skills – The importance of effective communication) во организација на МАЗ и Актуари без граници (AWB) – секција на Меѓународната aктуарска aсоцијација (IAA).
Во согласност со барањата на наставниот план 2017 на Меѓународната актуарска асоцијација, темата Ефективна комуникација е дел од пошироката област „Лична и актуарска професионална пракса“. Оваа дводневна работилница, како дел од програмата на МАЗ за континуирано професионално усовршување, се организира заради исполнување на стандардите за полноправно членство во Меѓународната актуарска асоцијација, според кои членовите на секоја асоцијација – полноправна членка на IAA се должни да бидат во тек со последните измени и дополнувања на наставниот план на IAA.