Во рамките на последната фаза од проектот Еразмус+, членовите на МАЗ кои учествуваа на обуката во Загреб на тема „ЛАТ“, на 19 мај 2016 година, одржаа семинар на истата тема, наменет за стручни лица од областа на осигурувањето и финансиите.
Целта на семинарот беше да и овозможи на пошироката јавност запознавање со поимот и суштината на методологија за ЛАТ, начините и обврските за спроведување на ЛАТ, како и користа од спроведување ЛАТ. Крајната цел беше учесниците да се стекнат со знаења кои ќе им овозможат адекватно разбирање на резултатите од ЛАТ анализите спроведени од страна актуарите- што е неопходен услов за правилно носење одлуки поврзани со работата на друштвата за осигурување.
На семинарот учествуваа претставници на друштвата за осигурување, друштвата за ревизија, пензиските друштва и Агенцијата за супервизија на осигурување.
На учесниците на семинарот им беше поделен Прирачник за ЛАТ, кој беше изготвен од страна на МАЗ во рамките на проектот.